Патничка на лет на „British Airways“ од Хонг Конг до Лондон починала за време на патувањето, а авионот го продолжил летот до крајната дестинација.
Според информациите, жената, која била во шеесеттите години, починала околу еден час по полетувањето. И покрај тоа, пилотот донел одлука летот да не се враќа, туку да продолжи кон Лондон, пренесуваат британските медиуми.
Екипажот се соочил со тешка одлука како да постапи во ваква ситуација. Првично било предложено телото да се премести во тоалет, но таа опција била одбиена. Наместо тоа, телото било завиткано и пренесено во задниот дел на авионот, во просторот кај кујната.
Во текот на летот, дел од патниците почнале да пријавуваат непријатни мириси во кабината, особено при приближувањето кон слетување.
По пристигнувањето во Лондон, авионот го пречекала полиција, а 331 патник биле замолени да останат на своите места околу 45 минути додека се спроведувала процедурата. Патниците и екипажот биле видно вознемирени, а на дел од персоналот подоцна им биле одобрени слободни денови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
