Background

Партијата на Курти освои 48 од 120 пратенички места

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска ги потврди резултатите од парламентарните избори на 9 февруари, на кои движењето Самоопределување победи со 390.000 гласови или 42,30 отсто од гласовите (48 од вкупно 120 пратенички места).

На второ место е Демократската партија со повеќе од 190.000 гласови или 20,95 отсто (24 пратенички места), а по неа е Демократската лига (ЛДК) со околу 170.000 гласови или 18,27 отсто (20 пратенички места).

На четврто место е Српската листа со 39.915 гласови, 4,26 отсто од гласовите и девет пратеници, а на петто е коалицијата меѓу Алијансата за иднината на Косово (АБК) и Социјалдемократската иницијатива со повеќе од 66.000 гласови или 7,6 отсто (осум пратенички места во Собранието).

- Advertisement -
Ad image

Резултатите беа потврдени со девет гласа „за“ и два „против“.

Со денешното потврдување на резултатите, Владата на Косово станува влада во оставка, а сите министри и заменици министри и градоначалници кои добија мандати за пратеници треба да поднесат оставки, како што е предвидено во Законот за влада на Косово и Законот за општи избори.

По потврдувањето на резултатите, ЦИК ќе ја достави листата на пратеници до претседателот на Косово, кој има најмногу 30 дена да закаже конститутивна седница на Парламентот.

По конституирањето на парламентот почнуваат да течат роковите за формирање влада на Косово.

Според Уставот, претседателот најпрво ѝ го дава мандатот за формирање влада на победничката партија, а доколку таа партија не обезбеди најмалку 61 глас во Парламентот, претседателот го дава мандатот на друга партија, а ако ниту таа партија не го стори тоа, претседателот, според Уставот, го распушта Парламентот и распишува нови избори најдоцна во рок од 45 дена.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation