Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер предизвика шпекулации за тајна венчавка по објавите на Инстаграм.
Имено, музичарот започна ги покрена наводите дека се оженил со Украинката Марија откако објави заеднички фотографии во бела облека.
Иако никогаш не ја потврди својата врска со убавата Украинка, веќе извесно време на социјалните мрежи кружат нивните вљубени фотографии.
Хаусер и порано објавуваше фотографии со својата потенцијална партнерка, меѓутоа, овие ги збунија сите бидејќи двојката е облечена во бело и позира на ексклузивен глисер. Поради нивниот „бел“ стајлинг, обожавателите се сомневаат дека тајно се венчале.
Бидејќи фотографиите предизвикаа реакции кај корисниците на интернет, сите се прашуваа дали ова е вистина, но немаше одговор.
– Дали конечно го направија тоа?
– Се венчаа?
– Честитки, ви посакувам многу деца – беа дел од коментарите на следбениците.
Инаку, пред неколку години Стјепан Хаусер беше во врска со хрватска пејачка Јелена Розга и важеа за еден од најубавите парови на јавната сцена. Меѓутоа, иако беа свршени две години, нивната љубов не траеше, па раскинаа.
Тие ја започнаа врската во 2015 година, а раскинаа во 2017 година.