Background

Пари за нови инвестиции за преуредување на просторот треба што поскоро да издвојат дуќанџиите и сопствениците на маркети и трафики, во спротивно следи казна

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Пари за нови инвестиции за преуредување на просторот треба што поскоро да издвојат дуќанџиите и сопствениците на маркети и трафики. Во спротивно ќе треба да платат казна. Овие издатоци непланирано претставуваат нов голем товар за нивните буџети, откако беше најавена имплементација на Законот за заштита од пушење од први март. Наместо за развој на бизнисите, трговците на мало ќе треба големи финансиски средства да потрошат за нови шкафови и витрини, а најверојатно со реновирањето на своите објекти ќе треба да започнат што поскоро, зашто во спротивно следуваат солени казни. Ваквата мерка претставува голем трошок за сите трговци, а оние на кои трафиката им е семеен бизнис стравуваат за својата егзистенција. Други пак, најавуваат отпуштање на вработени.

- Advertisement -
Ad image

Новиот закон предвидува забрана за изложување на тутун, односно цигари и други производи во малопродажните објекти.

„…треба да се чуваат во затворени шкафови што не се достапни за потрошувачите. Шкафовите за складирање треба да бидат конструирани на таков начин што ќе се спречи визуелното прикажување на тутунските производи кон потрошувачите кога шкафовите се отворени. Шкафовите за складирање тутун и други производи што содржат тутун и/или никотин, како и уреди за консумирање тутун и никотин, не смеат да имаат надворешно осветлување и треба да бидат во боја што не го привлекува вниманието на посетителите“, се наведува во предложениот закон.

Голем дел од дуќанџиите се жалат дека имаат договори со добавувачи кои сѐ уште не се истечени. Дел од нив велат дека ќе имаат огромни загуби, зашто неодамна реновирале и ја поставиле неопходната опрема, витрини и безбедносни системи, прилагодени за продажба на тутунски производи од кои го заработуват најголемиот дел од приходите.

„Со новите законски ограничувања, овие инвестиции практично стануваат бескорисни, а загубите за нас ќе бидат огромни. Вложувањата се направени со кредити и големи задолжувања, така што оваа нагла промена ни предизвикува сериозни финансиски проблеми, а за голем дел од нас тоа значи целосно затворање на бизнисот од кој се хранат многу семејства“, соопштија неодамна трговците на мало.

Тоа што уште повеќе загрижува е висината на казните, доколку шкафот во маркетот не е по мерка на законот на Министерството за здравство. Одговорните лица во маркетите ќе бидат казнети од 1.500 до 2.000 евра, а компаниите во зависност од нивната големина.

„2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе се казни мало правно лице, со парична казна од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе се казни средно правно лице, а со парична казна од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност ќе се казни големо правно лице за прекршок“, пишува во новиот Закон за заштита од пушење.

Трговците на мало бараат поголем преоден период, бидејќи, како што велат, доведени се во хаотична состојба. За нив овие ригорозни одредби ќе значат нагло откажување на веќе потпишаните годишни договори со дистрибутерите на цигари и тутунски производи за изложеност во продажниот простор, преуредување на просторот, отстранување на брендингот од објектите, што може да доведе до финансиски колапс и отпуштање вработени.

Дел од маркетите сметаат дека набавката на посебната опрема за складирање на производите и исполнувањето на обврските кои им се наметнати на трговците на мало со предлог-Законот, ќе предизвикаат значителен еднократен трошок за трговците при набавка на опремата, но и зголемени континуирани трошоци за одржување на оваа опрема. Повеќето реагираат и дека е физички невозможно во толку краток период да се набави, соодветно монтира и да се подготви за употреба бараната опрема, покрај недореченостите во однос на изгледот на шкафовите и специјалните кутии предвидени во законот.

За ова неодамна реагираше и Стопанската комора, од каде истакнаа дека ќе бидат директно засегнати околу 4.000 малопродажни објекти.

Фото: EPA/ANDY RAIN

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation