Background

Парадата во Пекинг ќе вклучува 45 воени формации и 100 авиони

Црвено море од 200.000 илјади знамиња се разлева низ Чанг’ан авенијата во Пекинг, менувајќи го урбаниот пејзж на градот само часови пред најавената воена парада за Денот на победата на 3 септември.

Знамињата се симтерично поставени од плоштадот Тијананмен до мостовите во близина, додека центарот е затворен поради обемните подготовки за настанот на кој кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја покаже новата воена моќ на земјата, солидарност со Русија и со Глобалниот југ, но и ќе прослави 80 години од завршувањето на Втората светска војна.

Токму под портретот на Мао Це Тунг, поставен над портата на Небесниот мир, стојат 8 џиновски кинески знамиња, пишува Би-Би-Си давајќи некои од деталите за утрешниот настан. Како стражи на еден нов светски поредок, каков што најави Си Џинпинг во контроверзна изјава без да ги спомене САД, а притоа алудирајќи дека треба да се остават на страна сеништата од Студената војна.

- Advertisement -
Ad image

 

 

Неговата изјава на самит во Тијенџин пред најавената парада ја поддржа рускиот претседател Владимир Путин велејќи дека членството во ШОС, Шангајската организација за соработка, може да дојде до поправедно глобално управување и мултиполарен свет.

Утре, Кина ќе го покаже своето лице — во формации, флорални скулптури и ракетни силуети. А портретот на Мао, со Путин и Ким под него, веднаш до Џинпинг, ќе биде сведок на спектаклот што се подготвува со месеци.

„Ким Џонг Ун е изненадувачки додаток, неговото присуство беше објавено дури на крајот на минатата недела, а неговиот оклопен воз и вообичаената колона со телохранители ќе го дополнат спектаклот“, пишува Би-Би-Си.

Флоралните инсталации се редат долж патот на главниот плоштад Тјананмен во Пекинг: џиновски букети, формирани од илјадници цвеќиња, се поставени како почест на победата во Втората светска војна.

Утре, 3 септември, се очекува присуство на 26 светски лидери — меѓу нив рускиот претседател Владимир Путин, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, премиерот на Србија Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Фицо во денешна изјава од Тијенџин рече дека Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок, додека ЕУ, како што вели, се однесува како навредено дете. Фицо го коментираше фактот дека ниту еден друг лидер од Европа нема да присуствува на Парадата.

Но денес, 2 септември, на генералната проба, сцената им припаѓа на војниците, инженерите и режисерите на совршенството.

Пекинг е блокиран. Метро-линиите се затворени. Училиштата и хотелите долж трасата се под клуч. Илјадници жители се замолени да останат дома, а оние што живеат покрај Чанг’ан не смеат ниту да излезат на балкон.

Војничкиот ритам веќе се слуша — тенкови тропаат по улиците, беспилотни летала летаат пробно, звучници одекнуваат команда по команда.

Според Ројтерс, на парадата утре се очекува да продефилираат 45 формации: пешадија, борбени возила, артилерија, беспилотни подводни дронови, нови хиперсонични ракети…Во воздухот ќе се кренат околу 100 воени авиони и хеликоптери — некои носат монументални знамиња, други оружје со кое Кина демонстрира нова ера на одбрана.

„Пекинг досега спроведе две големи проби во викендите на 9-10 и 16-17 август, на кои присуствуваа 22.000 и 40.000 луѓе, вклучувајќи војници, полиција и гледачи“, пишува Ројтерс најавувајќи дека има 50.000 поканети за утрешниот натан.
Во последната ваква парада во Пекинг марширале 12.000 војници.
Градските велосипеди во Пекинг, обично подредени како шаховска табла покрај станиците, денес се тргнати. Апликациите за изнајмување се блокирани, велосипедите „замрзнати“. Небото е необично чисти и сино, а некои велат дека кинеската воздухопловна служба користела технологија за „сеење облаци“ за да ја исчисти атмосферата пред утрешниот настан.

Покрај патот, две џиновски цветни структури го симболизираат отпорот кон јапонската агресија во Втората светска војна. Јапонците се предале во 1945 година.

Слични флорални мотиви се поставени на клучни крстосници, мостови и кружни текови — боја на секоја раскрсница, структура во секој детал. Камери се поставени на секој агол. Војници, некои во армиски униформи, чуваат надвозници во целодневна смена од 24 часа.

Денес е тивко. Но не е мирно. Сè е во исчекување.

Парадата треба да започне во утринските часови, во 9:00 часот по локално време во Пекинг, според официјалната агенција Синхуа и други кинески медиуми Тоа значи, сметано по македонско време, настанот почнува во 4 часот наутро.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation