Памела Бах-Хаселхоф, поранешната сопруга на Дејвид Хаселхоф, е пронајдена мртва во Холивуд Хилс

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Памела Бах-Хаселхоф, поранешната сопруга на Дејвид Хаселхоф, е пронајдена мртва во Холивуд Хилс.

Според ТМЗ, таа си го одзела животот, а причина за смртта била прострелна рана нанесена од огнено оружје. Трагедијата се случила во средата вечерта.

Обдукцијата е закажана за четврток, според извештаите на канцеларијата за судска медицина.

Властите потврдија дека на местото на настанот не била пронајдена проштална порака, а нејзиниот дом бил во близина на „Јуниверзал студио“.

Памела Бах-Хаселхоф била во брак со ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, 72-годишниот Дејвид Хаселхоф, од 1989 до 2006 година, кога поднела барање за развод поради непомирливи разлики.

Нивниот развод бил бурен, а правните спорови околу алиментацијата траеле до 2017 година. Од овој брак, парот има две ќерки – Хејли (32) и Тејлор (34). Памела зад себе остави и внука по име Лондон.

 

Претставник на Дејвид Хаселхоф изјави за „Дејли мејл“:

- Advertisement -
Ad image

„Нашето семејство е длабоко потресено од смртта на Памела Хаселхоф. Благодарни сме за огромната љубов и поддршка, но љубезно ве молиме за приватност додека тагуваме и го минуваме овој тежок период.“

Официјалните лица го пронашле телото откако нејзиното семејство станало загрижено бидејќи со денови не се јавувала. Итната помош била повикана во нејзиниот дом во 22 часот, по пријава за жена која не покажувала знаци на живот.

Само неколку часа пред да биде пронајдена, Памела оставила коментар на Инстаграм профилот на својата ќерка Хејли.

- Advertisement -
Ad image

Памела Бах-Хаселхоф дебитирала во филмот „Rumble Fish“ на Френсис Форд Копола во 1983 година.

Со Дејвид Хаселхоф се запознала на снимањето на серијата „Knight Rider“, а во 1989 година добила улога во „Чувари на плажата“, каде ја играла Кеј Морган, сопственичка на кафуле.

Во последните години не се занимавала со актерство, а во 2011 година учествувала во реалното шоу „Celebrity Big Brother“.

Била активна на Инстаграм, каде до декември 2024 година редовно споделувала фотографии со семејството.

Нејзината последна објава била на 31 декември:

„Среќна Нова година на сите! Додека влегуваме во 2025, моето срце е исполнето со благодарност, особено за мојата прекрасна внука Лондон. Да ја гледам како расте и го осветлува светот со својата насмевка е навистина најголемиот благослов. Моја желба за сите вас оваа година е здравје, среќа и многу љубов. Нека 2025 година биде исполнета со убави моменти, смеа и сите благослови што можат да ги примат вашите срца. Да наздравиме за година во која ќе создадеме драгоцени спомени, ќе шириме радост и ќе уживаме во секој момент!“

Share This Article