Холивудската актерка и зајачица на „Плејбој“ Памела Андерсон ја краси насловната страница на магазинот „Ел“, а за оваа неповторлива прилика го прекрши сопствениот збор, поточно животното правило никогаш повеќе да не се шминка.
Поранешната секс-бомба од 90-тите Памела Андерсон позираше за јануарското издание на магазинот „Ел“, каде зборуваше за својата улога во филмот „The Last Showgirl“. Памела признала дека очекувала и номинација за Оскар.
Сепак, вниманието на јавноста го привлече нејзиното „дотерано“ лице, иако досега практикуваше природен изглед за настаните – без грам шминка.
Како што можете да видите, Памела за оваа пригода облекла елегантен аутфит – капут со тесна половинаи мини здолниште, а на другите фотографии позирала во стилски костуми со интересни дезени на вратоврски.
Својот стајлинг го заокружила со ретро фризура и, како што веќе спомнавме, ефектна темна шминка.
Да потсетиме, Памела ја игра главната улога во филмот „Последната шоу-девојка“, во режија на Џиа Копола.
Памела истакнала дека ова е можеби нејзината единствена шанса да сними филм, па „дала сè што имала“.
Оваа поетска драма ѝ донесе номинации за Златен глобус, Готам и САГ наградите, но не ѝ донесе номинација за Оскар.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
