Палевски пукаше во Вања преку перниче и потоа ни нареди да ја закопаме, вели Манев

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако грабнатата Вања Ѓорчевска била ставена во гепек, грабнувачите се движеле по улиците за кои првообвинетиот Љупчо Палевски претходно им дал насоки.

– Излеговме на Партизанска, скршнавме кон Рузвелтова. Сите снимки од Сејф сити го покажаа нашето движење, покрај „Александар палас“, па Качанички пат, се исклучив за кон селото Бразда. Палевски нѐ чекаше на надвозникот и тој продолжи пред нас, јас одев по него. Стасавме до местото Оризови Дупки, и го отворивме гепекот. Палевски ја праша како се вика, чија е, кој ѝ е татко, мајка. Откако го дозна тоа, ни рече да ја извадиме од колата за да ја слика. Откако ја извадивме од колата, ја откопча вреќата за спиење и го извадивме селотејпот. Тогаш видов дека тоа е дете, дека не е жена. Му рековме јас и Влатко, до него бевме „Ова е некоја грешка, да ја пуштиме назад. Под маски сме, никој нѐ нема видено, да ја ослободиме“. Тој повторно почна да кажува да прекинам, дека ништо не разбирам, дека сѐ е таман, чисто, нема што да се бере гајле, дека првичната сума што ни ја понудил нема да може да се земе, дека ќе биде помала. Ние замолчевме – рече обвинетиот Велибор Манев и додаде дека се свртел да разгледа наоколу каде имало запуштено лозје за да види во која од собите што биле таму да се внесе девојчето.

– Додека гледав, Палевски му пријде на детето со пиштол, со перниче во рака, го испука куршумот преку перниче. Јас бев надвор од себе. Палевски се врати во пикапот, извади копач, мотика и ашов. Нови, неупотребувани. Ги фрли кон нас и ни нареди да ископаме дупка за да се закопа детето. Копавме во таа смрзната земја. Тој ја фати од кај главата, ми рече „Ти земи ја“, па јас и Влатко ја фативме кај нозете и заедно со Палевски ја спуштивме во дупката. Палевски ја извлече вреќата за спиење и ја фрли во „цитроенот“. Ни нареди да закопуваме. Со солзи во очите, без да ме видат, почнав да закопувам. Кога завршивме, ни нареди да тргнам по него со „цитроенот“, а тој го возеше пикапот. Тој возеше напред, кон Глуво, оттаму се спуштивме кон патот за Скопје. Палевски скршна од патот, кон една голема нива. Ни даде знак каде да одиме со колата на Панче во нивата. Палевски извади гориво кое претходно беше земено од Кешишев, и го поли „цитроенот“ и го запали. Јас седнав на предното седиште во пикапот, Боре и Влатко позади и тргнавме кон канцеларијата. На снимките каде што се гледа блуза со црна лента, тоа сум јас, на совозачкото место. Палевски возеше. Се вративме во канцеларија околу 10 часот – рече Манев.

После тоа тој и Боре се префрлиле во неговата кола и продолжиле кон Велес. А Влатко Кешишев и Палевски останале во канцеларијата на партијата Десна.

Share This Article