Палевски ќе дава исказ пред Судот

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за свирепите убиства на Вања Ѓорчевска (14) и на Панче Жежовски (74) денеска ќе го дава својот исказ во Кривичниот суд Скопје.

Од почетокот на судењето тврди дека е невин и дека злосторствата му ги местат политички структури на кои им пречи делувањето на партијата Десна, чиј претседател беше. За време на целото судење жестоко се брани, дава приговори, ги побива доказите, иако досега двајца од тројца негови соучесници ги признаа делата и го посочија Палчо како убиец.

Пукал во Вања и во Панче

Велибор Манев сведочеше дека го видел како пука со пиштол во главата на Панче на 22 ноември 2023 година во околината на Рудник, Велешко. Го видел и како пука во главата на Вања на 27 ноември во околината на Бразда, Скопско. Влатко Кешишев сведочеше дека не присуствувал при убиството на Панче, оти бил подалеку. При убиството на Вања чувал стража на 20 метри растојание и го видел Палчо како држи пиштол. Двајцата потврдија дека со Палевски планирале грабнувања за да земат откуп, но не се согласиле за убиства.

Третиот обвинет соучесник Боре Видевски, пак, не призна дека учествувал во двете грабнувања и убиства. Рече дека за време на убиството на Панче бил на работа, но немаше доказ. За време на убиството на Вања спиел во седиштето на партијата, а кога се разбудил околу 10 часот останатите тројца биле таму.

Нема алиби

Палевски се обиде да изгради алиби, ама безуспешно. Тој рече дека на утрото на денот на убиството на Панче му поправал котел на Ерол Османи, но сведокот Османи тоа го негираше и рече дека Палевски му го поправал котелот на 28 ноември. За времето на убиството на Вања, кое според обвинението е околу 9 часот, донесе сведок кој рече дека утрото од 8.20 до 9 часот со текстуални пораки разговарал со Палевски на Телеграм. Немаше доказ за комуникацијата затоа што се одвивала на таен канал, па е избришана. Во периодот после 10 часот вели дека бил во банка.

Ги побива доказите

Тој ги побива доказите што Јавното обвинителство ги изведе против него. За снимките од движењето на возилата „цитроен“ и „рено кангу“ со кои се извршени грабнувањата на Панче и на Вања тврди дека воопшто не се гледа јасно дека тој го вози во „кангуто“, како што тврди ЈО. Низ рочиштата и неговите прашања до останатите обвинети посочи дека во „кангу“ нема негова ДНК, дека трагите од гумите на местото каде е убиена Вања не се совпаѓаат со трагите на „кангуто“. Рече и дека земјата која е најдена на лопатата што е дел од доказниот материјал не е иста со земјата на местото каде беше закопана Вања.

Повеќе пати без успех бараше изземање на јавните обвинителки Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитровска, затоа што, како што тврди, му местат докази, како и на судијата Ивица Стефановски.

Снимките биле од мај

Во врска со снимките од пред куќата на Манев во Велес, каде се гледа како тој и останатите тројца со капи на главите и радиостаници одат по улицата, тој негира дека се снимени вечерта пред убиството на Жежовски. ЈО тврди дека на тие снимки се гледаат подготовки за грабнувањето на Жежовски, а тоа го потврдија и Манев и Кешишев. Но, уште кога ги презентираа снимките Палевски рече дека последен пат со тројцата заедно бил во мај 2023 година. Кога Палевски го испрашуваше Кешишев рече дека нивното пристигнување во вечерните часови со „кангу“ пред куќата на Манев многу наликувало на вечерта 5 мај кога биле да бараат злато во Демир Капија. Го праша Кешишев дали се вратиле сите четворица заедно во раните утрински часови со „кангуто“ пред куќата на Манев, а тој потврди. Но, ако се обиде да ги негира снимките со тврдење дека не се подготовка за убиство туку подготовка за барање злато во Капија ќе мора да објасни и зошто заминуваат повторно сите рано наутро со „кангуто“ и каде одат.

Се очекува и политика

Денеска се очекува Палевски да го повтори она што и досега го кажува. Дека на 22 ноември, денот кога е убиен Панче, му го поправал котелот на Ерол Османи. На 27 ноември утрото разговарал со сопартиецот Зоран Петковски, а пред 10 часот тргнал во банка. Според интервјуата на неговиот адвокат Јовица Страшевски, кон банката тргнал од дома, а не од седиштето на Десна. Во банката се задржал речиси до пладне.

- Advertisement -
Ad image

Се очекува да изнесе политички ставови и да тврди дека процесот е политички монтиран од разни причини – поради кривична пријава што ја поднеле против поранешен премиер, поради борбата на партијата Десна за „зачувување на МПЦ-ОА“, поради тврдењата што ги изнесуваше во своите поткасти против разни политичари и бизнисмени итн.

Недокажан мотив

Според обвинението, мотивот е користољубие. Палевски го испланирал грабнувањето и убиството на Жежовски, а во злосторството учествувале Манев, Видевски и Кешишев. Целта била да му се земе „цитроенот“ и со тоа возило да се грабне Вања. За девојчето сакале да бараат откуп, но ги фатило паника поради потрагата по социјалните мрежи, па Палчо ја убил и ја закопале. Пари од семејството никогаш не побарале, а немале ниту место каде би ја чувале Вања додека го чекаат откупот.

Фото: Приватна архива, Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Манев ги призна делата, но рече дека Вања ја грабнале по грешка. Требало да грабнат 40-годишна жена, ќерка на некој фармацевт. Кешишев, пак, не спомена дека требало да се грабне жена, туку тврдеше дека не ни знаел кого грабнуваат.

- Advertisement -
Ad image

Пиштолот со кој се извршени убиствата не е пронајден.

Петообвинет во случајот е Александар Ѓорчевски, татко на Вања, за помагање во грабнувањето. ЈО тврди дека тој му дал информации на Палевски кога Вања ќе оди сама на училиште, за да биде грабната, но не презентираше докази за тоа. Ѓорчевски тврди дека е невин и дека ја барал ќерка си како знае и умее.

Денешното рочиште ќе почне со неговото сведочење, ќе одговара на прашата на судијата Ивица Стефановски.

Потоа Палевски ќе одговара на прашањата на неговиот бранител Јовица Страшевски.

Share This Article