Background

Пакистан им испрати мировен план на САД и на Иран

Иран и САД добија план за прекин на непријателствата што би можел да стапи на сила денеска и повторно да го отвори Ормускиот Теснец, јави Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор запознаен со предлогот.

Според изворите, Пакистан ја изготвил рамката за прекин на непријателствата и синоќа ја доставил до Иран и до САД, а во неа се наведува двостепен пристап со моментален прекин на огнот, по што ќе следи сеопфатен договор.

„Сите елементи мора да бидат договорени денеска“, рече изворот, додавајќи дека почетниот договор ќе биде структуриран како меморандум за разбирање, финализиран електронски преку Пакистан, кој е единствениот комуникациски канал во преговорите.

- Advertisement -
Ad image

Аксиос претходно објави, повикувајќи се на американски, израелски и на регионални извори, дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијален 45-дневен прекин на огнот, како дел од двофазен договор што би можел да доведе до крај на војната.

Извор за Ројтерс изјави дека началникот на пакистанската армија, фелдмаршал Асим Мунир, бил во контакт „цела ноќ“ со американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, специјалниот претставник Стив Виткоф и со шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи.

Според предлогот, прекинот на огнот ќе стапи на сила веднаш, Ормускиот Теснец ќе биде повторно отворен, а предвидени се дополнителни 15 до 20 дена за финализирање на пошироко решение.

Спогодбата, привремено наречена „Договор од Исламабад“, ќе вклучува регионална рамка за теснецот, со разговори лице в лице што ќе следат во Исламабад.

Иранските претставници претходно изјавија за Ројтерс дека Техеран бара траен прекин на огнот, со гаранции дека нема повторно да биде нападнат од САД и од Израел.

Иран примил пораки од посредниците, вклучувајќи ги Пакистан, Турција и Египет.

Се очекува конечниот договор да вклучува обврска од Техеран да не се стреми кон нуклеарно оружје, во замена за олеснување на санкциите и ослободување на замрзнатите средства, рече изворот.

Двајца пакистански извори рекоа дека Иран сè уште не се обврзал и покрај интензивираните цивилни и воени активности.

„Иран сè уште не одговорил“, рече еден извор, додавајќи дека предлозите поддржани од Пакистан, Кина и од САД за привремен прекин на огнот досега не доведоа до обврски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation