Единиците на српската Управа за криминалистичка полиција денеска уапсија управителка на „Железници Србија“ со седиште во Белград во врска со уривањето на бетонсаката настрешница во Нови Сад минатиот ноември, пренесуваат српските медиуми.
Српски Курир пишува дека во истата акција, која се спроведува по наредба на антикорупциското одделение на Вишото јавно обвинителство во Белград, во тек е апсење на уште неколку лица.
Во акцијата членовите на Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата уапсија и неколку членови на техничката комисија за увид во работите на Железничката станица во Нови Сад. Тие се осомничени за недолично работење поврзано со трагедијата.
Бетонската натстрешница на влезот во Железничката станица во Нови Сад се урна лани на 1 ноември. Во трагедијата која ја зави Србија во црно загинаа 15 лица, а две беа тешко повредени.