Овогодинешниот Супер Боул, финалето на плејофот на американската професионална фудбалска лига НФЛ, стана најгледаниот телевизиски настан во историјата во САД со просечна гледаност од 127,7 милиони, според специјализираната агенција за следење на рејтингот Нилсен.
Оваа бројка ги вклучува сите гледачи кои ја гледаа победата на Филаделфија Иглс со 40-22 над бранителот на титулата Канзас Сити Чифс и на домашната мрежа на Фокс, на станицата на шпански јазик на Фокс Депортес Телемундо и на сервисот за стриминг на Фокс, Туби.
Исто така, просечната гледаност ги вклучува посетителите на баровите и рестораните каде се гледаше натпреварот.
Најмногу гледачи го гледаа натпреварот во вториот квартал, кога бројката достигна 137,7 милиони. Сепак, кога „орлите“ го зголемија водството на 24-0 во тој дел од натпреварот, гледаноста падна како што се очекуваше.
Претходниот рекорд на гледаност на Супер Боул беше 123,7 милиони, поставен минатата година.