Вчеравечер се одржаа наградите САГ и многу холивудски ѕвезди прошетаа на црвениот тепих облечени во различни модни изданија.
Тоа секако беше вечер на елеганција и гламур додека пред камерите блеснаа Деми Мур, Селена Гомез, Аријана Гранде, Зои Салдана, Памела Андерсон…
Холивудските ѕвезди се појавија во неверојатни креации, кои лесно можат да се вбројат меѓу најубавите на овој престижен настан.
Деми Мур, која освои награда за главната улога во филмот „Супстанцијата“, се појави во необичен фустан, со кожен корсет во комбинација со полесен материјал.
Селена Гомез со себе донесе неверојатна доза на гламур. Црниот сатенски фустан кој ја следеше линијата на телото, со елегантен шлиц на страна, го заслужи едно од најдобрите модни изданија од црвениот тепих.
Аријана Гранде прошета во лелеавен, нежно розов фустан со 3Д цвеќиња и изгледаше апсолутно неверојатно.
Софија Карсон, воодушеви со чистата елеганција. Таа се појави во пудра розов долг сатенски фустан кој имаше асиметрично деколте и наметка на рамениците. Вистинското уживање беше блескавиот нареден дијамантски ѓердан. Актерката носеше и прстен со бел дијамант во овална форма од 10 карати.
Памела Андерсон повторно се појави во долг бел фустан на едно рамо, а изгледа дека белата облека полека станува нејзин моден заштитен знак. Секако, на нејзиното лице немаше шминка бидејќи актерката во последно време негува природен изглед.