Ова не е дом на граѓаните туку платформа за политички игри, вели претседателката

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова остро ги критикуваше Европскиот парламент и Европската Унија, откако стана јасно дека е лобирано за амандмани кои го засегаат македонскиот јазик и идентитет. Според неа, ова е јасен показател за сериозен демократски дефицит.

– Не сум шокирана, но сум длабоко разочарана. Посебно од природата на некои амандмани и дискусии. Во Европскиот парламент седат и претставници на партии што се против самата ЕУ – истакна Сиљановска, нагласувајќи дека таа институција наместо да биде „дом на европските граѓани“, станува инструмент за притисок и политички манипулации.

Претседателката ја пофали основната верзија на извештајот на европратеникот Андреас Вајц, но посочи дека амандманите излобирани од бугарски пратеници се знак на поширока болест, недостиг на демократски капацитет во самата ЕУ.

– И Австрија можеше да бара такви измени од Словенија, но тоа не се случи. Ова што се случува со нас, е доказ дека Европа има сериозен проблем со демократијата – рече таа.

Коментирајќи го говорот на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Сиљановска оцени дека неговата изјава за реформи внатре во ЕУ не е случајна. Според неа, феноменот на вето, билатерализацијата на процесите и несигурната иднина на проширувањето, бараат вклучување на сите земји кои географски, историски и културно припаѓаат на Европа.

– Евроинтеграцијата денес не е само прашање на членство, туку на стабилност и безбедност – потенцираше претседателката.

Сиљановска се осврна и на одговорот на бугарската Влада во врска со македонското малцинство, посочувајќи ја нелогичноста во нивните тврдења.

– Според нив, само 1.143 лица се изјасниле како Македонци, 3.540 дека им е мајчин јазик, а 1.091 зборуваат македонски дома. Но потоа велат дека тие не ги исполнуваат критериумите за национално малцинство. Па, за колку луѓе ние треба да го смениме Уставот? За кого? – праша таа.

Претседателката упати апел до меѓународните институции да се вратат наназад и да ги погледнат податоците од пописите во Бугарија во 1946 и 1956 година, кога, како што рече, бројките покажуваат сосема друга слика.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article