Ова е најтешката изборна трка во историјата на градот, вели Грозданов

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и чесноста на граѓаните на Кочани, рече денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Влатко Грозданов, кој ќе оди во вториот круг на локалните избори.

Грозданов порача дека само преку заедништво, отворена комуникација и заедничка одговорност може да се создаде подобра иднина за сите.

– Ова е една од најтешките изборни трки во историјата на Кочани. Една трка со најголем товар, како за мене, така и за моите противкандидати. Но, сепак моите кочанчани, моите сограѓани, се одважија и пред сè, со постигнувањето на цензусот за легитимност на изборите, покажаа дека се достојни и чесни и секако, со самиот резултат кој го доделија во моментот ја покажаа својата визија за иднината – рече Грозданов во гостување на Телма.

Грозданов им се заблагодари на сограѓаните за поддршката, истакнувајќи дека таа го охрабрува уште посилно и поодговорно да работи. Тој порача дека само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани.

– Со овој резултат, моите сограѓани ми дадоа една поддршка, но тоа не ме воздигнува, туку напротив, ме охрабрува што посилно, попосветено, почесно да се посветам на ова. Доколку бидам избран за градоначалник на Кочани, заедно со нив, сплотени, чесно, одговорно, со комуникациски методи помеѓу нив, едноставно мора да се сплотиме и заедно да продолжиме сите. Претстои иднина за нашите деца, претстои иднина за Кочани. Кочани мора да се исправи – рече Грозданов.

Share This Article