Од “Метропол” до “ДМЦ”: Документирана историја на сомнителни бизнис операции
Охрид, 18 јули 2025
Редакцијата “Охридска” вчера објави текст под наслов “Филип Стефановски – нова ‘Ана Брнабиќ’ на охридскиот туризам: Магла наместо одговори на системските проблеми”. За да ја прикажеме правата слика за лицето кое глуми политичко-туристички експерт, до него поставуваме конкретни прашања на кои се надеваме дека како голем “бизнисмен” и “експерт” ќе се потруди да даде одговор.
Дали вие, Филип Стефановски, првото ваше вработување беше во Хотел “Метропол” во Охрид од страна на вашиот стрико, и дали бевте експресно избркани од работата ради проневери и малверзации?
Оваа информација е од клучно значење за разбирање на вашиот професионален развој и однесување во работната средина.
Што стана со вашата поранешна фирма каде вие бевте генерален директор и управител за Македонија, Косово, Србија, Црна Гора – “ЛЕЦ ТРАВЕЛ”? Како вие успеавте да измамите над 200 лица на кои им наплативте летување во Северен Кипар, а никогаш не го остваривте аранжманот?
Овој случај остави длабоки трагови во туристичкиот сектор и засега многу семејства кои останаа без летување и без пари.
Кој потесен член на вашата фамилија искешира кај Сашо Мијалков 30.000 евра да МВР на глуп начин ја затвори истрагата и никогаш да не се обештетат измамените граѓани?
Оваа информација е од витално значење за разбирање на начинот на кој се решаваат криминалните случаи во Македонија.
Како успеавте со 30.000 евра да дадете исказ во СВР Охрид дека наводно вие не сте виновен, туку основачот на агенцијата “Лец Травел”ХАкан Четин (за кој додатно ќе ви поставиме низа од прашања), кој наводно од Турција телефонски ви наредил да ги измамите граѓаните, а со тоа СВР Охрид да го затвори кривичниот предмет?
Оваа верзија на настаните звучи крајно неверојатно и бара детално објаснување.
Што стана со туристичката агенција “Лајф из гут” со седиште во Хотел “Дрим” Струга? Колку останавте должен низ охридската ривиера и пошироко, и како и зошто бевте избркани од хотел “Дрим”?
Оваа епизода од вашата кариера е исто така заокружена со контроверзии.
Колку ја плативте наградата во Париз – 5.000 евра и спиење во хотел 5 дена, или?
Деталите околу оваа награда се нејасни и бараат појаснување.
Која по ред туристичка агенција ви е “ДМЦ Балканс”? Што стана со другите, или само по секоја афера отворате нова фирма со додавка?
Овој образец на однесување покажува сомнителна пракса на бегство од одговорност.
Дали од Агенцијата за подршка на туризмот на РСМ досега се испумпани 30.000.000 евра? Дали шемата за добивање субвенции оди на начин адвокатот на агенцијата зема на име адвокатски услуги 5.000 евра унапред, за потоа да ви се усвои бараниот извештај и поделба на субвенциите 60/40 со директорите и персоналот на Агенцијата за подршка на туризмот?
Ова прашање се однесува на можната корупција во доделувањето на државни средства,но и додатно ќе ви поставиме прашања,кој ќе дадат јасна слика на севкупниот хаос со државни пари.
Како успевате да наплатите субвенции за деца до 7 години, ако се знае дека на секој туристички аранжман во светски рамки деца до 7 години се ослободени од плаќање, а вие само по тој основ сте испумпале милиони евра од државниот буџет?
Оваа пракса претставува директна злоупотреба на државните средства,Управата за финасиска полиција знае ,а молчи?
Ова се само дел од прашањата кои ги имаме. Ќе ве прашаме повторно јавно и за “министерската афера” и за други криминални дејанија за кои поседуваме документација.
Одговорите на сите поставени прашања долги години документирано ги поседува нашата редакција, која е отворена за сите ваши одговори. Јавноста има право да знае со какви личности има работа кога се работи за туристичкиот развој на Охрид.
Господине Стефановски, времето за магла и популистички изјави е минато. Време е за конкретни одговори на конкретни прашања, но и одговорност пред институциите за истраго во РСМ.
Очекуваме ваш одговор во најкраток можен рок.
Редакцијата “Охридскај” останува посветена на транспарентноста и одговорноста во јавниот живот.
Редакција Охридскај -Сашо Денесовски
Tagged as:
ОТВОРЕНО ПИСМО: Девет прашања до Филип Стефановски кои бараат итни одговори
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
