Background

ОТВОРЕН СПОМЕН ПАРК НА ХЕРОИТЕ ВО ОХРИД

Со поддршка  на Општина Охрид денеска во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.

На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.

Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.

– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.  

Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. 

На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции.

Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.

- Advertisement -
Ad image

Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation