Background

Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Откупот на тутунот е со забрзано темпо и досега се преземени половината од количествата на годинашнава реколта, велат од Сојузот на земјоделските здруженија. Откупени се  11.370 тони од реколтата што Сојузот ја проценува на околу 22.000 тони по просечна цена од 419,86 денари. Со ова темпо, како што велат, родот, главно, ќе се преземе до Нова година.

- Advertisement -
Ad image

-Во моментов се отворени сите 337 ваги во земјава. Интензивно се откупува тутунот. До вчерашниот ден се откупени 11.370 тони тутун, и речиси сиот во прва класа, зашто просечната цена е 419,86 денари за килограм. Во моментов компаниите откупуваат без одбитоци и тутунарите се задоволни од процената и сакаат што побрзо да го предадат родот и да си ги земат парите кои се исплаќаат во рок од два до три дена. Со ова темпо тутунот ќе се купи, оној летниот, односно 18 до 19.000 тони до крајот на декември – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Оној тутун што е влажен ќе се купи по Нова година зашто треба да се досуши, но нема да остане неоткупен тутун од годинашнава реколта. Од Сојузот велат дека со склучувањето нови договори ќе инсистираат да бидат рамноправни партнери со откупувачите и ќе инсистираат на измени во законот.

– Ние не се откажуваме од барањето за повисока цена. Имаме поддршка од ресорното министерство за измени и новите договори за производство тутунарите да не ги склучуваат без согласност на Сојузот и со утврдување на повисоки цени. Тоа секоја година се говори, точно е, но ја имаме поддршката и можноста преку законските измени, вели Ристески.

Тутунарите немаат забелешка на проценката, но останува нивното барање за повисоки цени зашто трошоците се зголемени.

Инаку, вчера, 15 декември, според Законот беше последниот ден сите 10 откупувачи да почнат да го купуваат родот. Откупот на тутунот, законски трае до 28 февруари.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation