Сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, избегна затворски притвор и доби куќен притвор, бидејќи судот ја уважил неговата улога како старател на четири деца, од кои три се малолетни, како и неговите цврсти врски со државата и здравствените проблеми, за кои приложил медицинска документација.
Обвинителството тврди дека предложило притвор, но судот го одбил барањето, наведувајќи дека околностите се во корист на поблага мерка.
„Судијата на претходна постапка при одлучувањето ги зел предвид аргументите на Обвинителството, но и личните околности на осомничениот. Тој е старател на своите четири деца, има оформени врски со државата, поседува бизнис со повеќе вработени и има нарушена здравствена состојба – се наведува во решението. Поради намален ризик од бегство, судијата го отфрлил барањето за притвор и му изрекол куќен притвор, како и дополнителни мерки – одземање на пасошот и забрана за издавање нов патен документ“, соопшти Обвинителството.