Откако ја негираше употребата на дрога, пејачот објави бизарно видео

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Откако вчера ги демантираше гласините за злоупотреба на опијати, пејачот Џастин Бибер (30) објави ново видео во кое алудира на консумирање дрога.

Имено, пејачот денеска објави видео во кое рапува, јаде пуканки и танцува со пријател. Во таа прилика не носел маица, а над панталоните му се гледале боксерки. Својот стајлинг го комплетирал со сина капа. Во последно време, Бибер е драстично ослабен, така што тоа сега уште повеќе дошло до израз.

Но, освен необичните движења во збунувачката објава, Џастин Бибер го рапува текстот „I fly like a fly guy, I fly high like a bagpipe, I go high like a bad guy“, каде што зборот „high“ најверојатно го користи како метафора за консумирање марихуана.

„Летам високо, одам високо како лошо момче“, рапува Бибер во новото видео.

Текстовите укажуваат на тоа дека тој се чувствува како „лошо момче“, а во фигуративна смисла тие исто така може да претставуваат дека тој се смета себеси за опасен, влијателен или самоуверен.

„Ова е толку тажно да се гледа“, „Мислам дека стана како Бритни“, „Исус те сака, брат! Не се враќај на старото“, „Се надевам дека си добро“, „Зошто овој човек не е со своето бебе?“, „Мислам дека не е добро“, „Те молам чувај се“, „Ќе се молам за твоето здравје“, „Тој очајно бара помош…“ напишаа загрижена обожаватели.

Како што пишува „Пејџ сикс“, тие контактирале со неговите претставници на медиумите, но сè уште не добиле коментар.

Претходно, неговиот претставник изјави дека гласините за здравствената состојба на Џастин „се исцрпувачки и патетични и покажуваат дека луѓето, и покрај очигледната вистина, се посветени на одржувањето на негативните, злобните и штетните приказни во живот“.

- Advertisement -
Ad image

„Повторливата приказна дека Џастин користи тешки дроги апсолутно не е точна и пејачот е во еден од најдобрите периоди од својот живот“, изјави тој.

Тој исто така објасни дека пејачот чувствувал дека минатата година била посебна бидејќи во август станал татко. Но, обожавателите сè уште се убедени дека пејачот многу се дрогирал кога присуствувал на настанот на Rhode Skin со неговата сопруга Хејли на 18 февруари.

За време на настанот, тој носеше очила за сонце во затворен простор и чудно се движеше.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article