Трикатна станбена зграда во главниот град на Филипините целосно изгоре за помалку од еден час во пожар утринава, при што загинаа осум лица, соопштија властите.
Пожарот избувнал во зграда која главно била направена од дрво во предградие на Манила додека луѓето спиеле.
Во тек е истрага за да се утврдат причините за пожарот Две мртви лица се пронајдени на приземјето и шест на вториот кат, каде што очигледно избувнал пожарот, соопштија пожарникарите.
За само два дена ќе започне март, кој е месец на превенција од пожари на Филипините, кога владата започнува годишна кампања за подигање на свеста за опасностите од пожари пред почетокот на жешката летна сезона.
Причините за многу смртоносни пожари на Филипините се главно лошото спроведување на безбедносните прописи, пренатрупаноста и лошиот квалитет на градбата.