Background

Осум лица загинаа, а седуммина се повредени во пожар во дом за стари лица во Велики Борк, во белградската општина Бараево

Осум лица загинаа, а седуммина се повредени во пожар во дом за стари лица во Велики Борк, во белградската општина Бараево, јави Радио телевизија Србија (РТС).

Mинистерот за труд, ветерани и социјални работи во Владата на Србија, Немања Старовиќ, изјави дека од пожарот се евакуирани 13 лица.

Тој за РТС изјави дека, според првите прелиминарни податоци, постојат индиции дека пожарот е подметнат.

- Advertisement -
Ad image

Тој додаде дека домот има важечка дозвола за работа и за барање за заштита од пожари. Тој изјави и дека е обезбедено итно сместување за евакуираните.

Вршителот на должноста началник на Одделот за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Србија, Лука Чаушиќ, за РТС изјави дека во домот престојувале 30 лица.

Седум повредени лица, како што наведе, биле преземени од Брза помош и пренесени во Военомедицинската академија (ВМА) и во Ургентниот центар.

Според него, по добиена пријава на 20 јануари, во 03.32 часот, единиците на Секторот за вонредни состојби веднаш биле испратени на местото на настанот и го констатирале пожарот во напредна фаза.

Пожарот е изгаснат. Во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.

– Сè уште бараме да видиме дали има остаток од извор кој би можел да предизвика дополнителен пожар, а причината ќе се утврди во наредните часови – рече Чаушиќ.

Како што додаде тој, домот за стари лица се наоѓа далеку од фреквентни патишта, но противпожарните бригади пристигнале брзо, а на повредените им била укажана помош во најкраток можен рок.

Бараево е една од 17-те белградски општини. Се наоѓа на 30 километри југозападно од центарот на Белград.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation