Осум компании санкционирани поради прескапи цени

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Осум правни субјекти, меѓу кои три маркети, една аптека и тројца од најголемите увозници на овошје и зеленчук, се соочуваат со затворање во траење од 15 дена поради непочитување на владините мерки за ограничување на маржите. Покрај привременото затворање, овие компании ќе бидат и парично казнети.

Како што информира директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, контролите покажале дека некои од овие субјекти остварувале маржи и до 70 отсто, што значително ги надминува утврдените ограничувања.

– Инспекциите утврдија неправилности во работењето на осум правни субјекти, кај кои маржите достигнувале и до 70 отсто. Освен привремено затворање, овие субјекти ќе бидат санкционирани и со парични казни – изјави Стојкоски на прес-конференција.

Дополнително, тој откри дека во моментов се обработуваат уште 30 предмети кои се однесуваат на различни големи маркети, а инспекторите продолжуваат со континуирани теренски контроли.

– Инспекторите се постојано на терен и спроведуваат контроли без прекин. Во моментов работиме на 30 дополнителни предмети кои ги опфаќаат сите големи маркети – истакна директорот на Инспекторатот.

И покрај овие прекршувања, Стојкоски оцени дека владините мерки во најголем дел се почитуваат.

Во периодот од 24 февруари до 6 март, Државниот пазарен инспекторат спровел вкупно 365 инспекции во малопродажните објекти и 64 во големопродажните, со што биле опфатени над илјада трговски субјекти. Притоа, биле констатирани 36 неправилности, а издадени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 42.000 евра.

Share This Article