Осомничените Сабахудин Рустеми и Аки Саити се во полициска станица Газибаба и сè уште трае рокот од 24 часа за полициско задржување додека се подготвува кривичната пријава, информираа за Телма од обвинителствотo.
По пoднесувањето на кривична пријава, официјално се отвора истрага во чии рамки и доколку обвинителството оцени, може да се бараат и мерки за обезбедување на присуство на осомничените.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми беше приведен вчера, како и Аки Саити од Сарај, раководител во Кумунална хигиена, за несобирањето на ѓубрето во Скопје.
„Приведени се и задржани две лица од раководството на ЈП Комунална хигиена Скопје, во врска со сомненија за кривично дело од член 230 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Истрагата за работата во ЈП „Комунална хигиена“ започна откако во Градот Скопје подолго време не се собираше сметот што доведе и до воведување мерки од страна на здравствените власти.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
