Основното јавно обвинителство Куманово отвори истражна постапка против 84-годишен маж поради обид за убиство од ниски побуди. Нападот се случил на 4 декември во еден кумановски хотел.
Според написот на ОЈО Куманво, осомничениот утрото го искористил моментот кога друг гостин ја отворил вратата и влегол во објектот. Се упатил до собата во која престојувала жената со нејзиниот неподвижен сопруг.
Кога го забележала, таа станала и тргнала да ја затвори вратата, но мажот извадил нож и ја нападнал, нанесувајќи ѝ удар во главата. Во мигот кога ножот му паднал, жената почнала да вика и да бара помош. Нејзиниот син, кој бил во соседната соба, истрчал и го совладал напаѓачот.
Судија го прифатил предлогот на јавен обвинител и за напаѓачот одредил притвор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
