Основниот кривичен суд Скопје ги известува граѓаните кои поднеле барање за издавање потврда или уверение од казнената или од кривичната евиденција, како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност, заклучно со петок, 11 јули 2025 година, дека потврдите се изготвени и можат да си ги подигнат.
„В.д. претседателката Даниела Димовска изразува огромна благодарност до судската администрација која работеше во текот на викендот, за да може судот да ја овозможи оваа услуга на граѓаните, за која се чекаше подолг период, поради зголемениот број на барања“, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Судот, уште еднаш апелира до сите граѓани да ја користат електронската апликација за издавање на овие документи, преку порталот uslugi.gov.mk. На овој начин потврдите се добиваат за еден ден.
Tagged as:
11 јули 2025 година дека потврдите се изготвени и можат да си ги подигнат заклучно со петок како и барање за уверение за забрана за вршење професија/дејност Основниот кривичен суд Скопје ги известува граѓаните кои поднеле барање за издавање потврда или уверение од казнената или од кривичната евиденција
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
