Орце Ѓорѓиевски прогласи победа во изборот за градоначалник на Скопје.
Се очекува двојна разлика со гласовите на противкандидатот од Левица, Амар Мециновиќ.
Со скандирања „Орце, Орце“ и „ВМРО-ДПМНЕ“, Ѓорѓиевски, симболично помина под Триумфалната порта и беше пречекан со факели од неговите симпатизери. Потоа се упати кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се слави неговата победа.



























