Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 155 седница ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 за избор на градоначалник во 29 општини и град Скопје, додека за три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари има приговори, кои ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на ДИК во 14 часот.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко ги објави официјалните резултати од вториот круг на Локалните избори, со што Орце Ѓорѓиевски е избран градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој соопшти дека до ДИК има поднесено 16 приговори за гласањето за избор на градоначалници во општините Брвеница, Карпош и Шуто Оризари.
-Во врска со овие приговори Државната изборна комисија ја известува јавноста дека ќе постапува на јавна седница во законскиот рок денеска со почеток во 14 часот, рече Кондарко.
Тој додаде дека до ДИК има поднесено и три приговори за гласањето за избор на членови на Советот во Општина Шуто Оризари, каде што имаше прегласување спроведено на 2 ноември 2025 година и тоа на трите избирачки места.
-Поради тоа објавувањето на конечните резултати од гласањето за Советот на Општина Шуто Оризари нема да бидат објавени денеска, ќе се чека по постапувањето на приговорите на седницата на Државната изборна комисија, а потоа и по одлучување на евентуални тужби пред Управниот суд, рече Кондарко.
Членовите на ДИК донесоа и заклучок Општинските изборни комисии во 29 општини и Град Скопје, за кои денеска и официјално се објавија конечните резултати за избор на градоначалник и тие да ги објават конечните резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖