Во вторник наутро, кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата, за Западот ќе почне нова ера и ќе дојде крајот на „горчливите, сложени, болни и исполнети со неуспех 4 години на демократската администрација во Белата куќа, изјави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, јавија унгарските медиуми.
Орбан на националното радио „Лајош Кошут“ изјави дека администрацијата на Демократската партија „почнала лошо“ бидејќи „на крајот тие му ја украле претседателската функција на Доналд Трамп“.
– Да не мамеа во 2020 година, Доналд Трамп ќе останеше претседател и тогаш војната меѓу Украина и Русија немаше да започне – рече тој.
Премиерот рече дека демократските администрации се „секогаш различни“ од републиканските, посочувајќи дека Републиканската партија „стои на национална основа“, додека, пак, Демократската партија „е глобалистичка“, која ги спроведува своите интереси преку глобалните организации „како мрежата на Џорџ Сорос“.
Орбан рече дека демократите во САД ги ставаат своите економски интереси пред политиката и „имаат силни намери да го подобрат светот“.
– Тогаш светот е преплавен со мигранти и тоа води до хаос, се ослободува луда родова идеологија и тие (демократите во САД) не се двоумат да користат војна за да ги постигнат своите цели, како што направија со Руско-украинската војна – додаде тој.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
