Киев ќе ги „апсорбира сите унгарски пари“, предупреди унгарскиот премиер Виктор Орбан, повикувајќи ги граѓаните да не дозволат Украина да влезе во ЕУ и да го загрози европскиот мир со армија без гаранции.
Тој најави референдум во 2025 година, кога Унгарците ќе гласаат за прашањето.
– Да не дозволиме други да одлучуваат за нас – апелираше Орбан.
Во интервју за државното радио, Орбан рече дека западните лидери планираат да одржат украинска армија од еден милион војници, чија издршка ќе паѓа врз европските држави.
– Наместо да ги зајакнува своите армии, Западна Европа плаќа за украински платеници.
Унгарскиот премиер предупреди дека финансирањето на таква војска може да претставува ризик за безбедноста.
– Нема гаранција дека таа армија ќе биде пријателски расположена – додаде премиерот.
Тој нагласи дека членството на Украина во ЕУ ќе го олесни доделувањето пари од буџетот на Унијата, а товарот ќе падне врз Централна Европа.
– Централна Европа, со Унгарија во прв ред, ќе ја плати цената – рече Орбан.