Орбан ѝ е гневен на ЕУ, новите царини ги нарече економски автогол

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Hungarian Prime Minister Viktor Orban attends a joint press conference with Georgian Prime Minister Irakli Kobakhidze in Tbilisi, Georgia October 29, 2024. REUTERS/Irakli Gedenidze
- Advertisement -
Ad image

Унгарската влада ќе изготви планови за заштита на работните места и на производството во земјата по трговскиот договор меѓу САД и ЕУ, изјави премиерот Виктор Орбан во петокот за јавното радио, објави Ројтерс.

САД и ЕУ во неделата објавија трговски договор со кој се воведува царина од 15% на извозот од ЕУ во Америка. Царината ги опфаќа и автомобилите – клучен извозен производ за централноевропските земји – кои претходно беа опфатени со само 2,5% царина.

Два плана за спасување на работните места

Орбан рече дека вкупниот унгарски извоз во САД изнесува околу 11 милијарди долари годишно.

– Ќе треба да изработиме 2 акциски плана, едниот за заштита на работните места, за да обезбедиме дека странските компании што работат во Унгарија нема веднаш да почнат со отпуштања. А ако и го сторат тоа, веднаш да им обезбедиме нова работа на тие луѓе – рече Орбан.

Вториот план, според него, ќе биде насочен кон спречување на затворање на производствени погони поради новите царини. Орбан, кој се соочува со тежок предизвик да ја заживее унгарската економија по највисоката инфлација во ЕУ (по руската инвазија врз Украина во 2022 година), додаде дека е неопходна брза реакција.

„Унгарија треба да има посебен договор со САД“

Орбан остро ја критикуваше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, нарекувајќи го договорот „лошо преговаран“, „ужасен економски договор“ и „економски автогол“ за Европа.

– Не е само тоа што склучивме лош договор, бидејќи сите европски стоки што се извезуваат во САД ќе бидат оданочени со царина од 15%, додека, пак, американските стоки што доаѓаат во Европа нема да подлежат на царини. Исто така, се обврзавме да исполниме услови што очигледно не можеме да ги исполниме. Ова значи дека не ги решивме царинските спорови, но ја изгубивме првата битка – рече Орбан.

Унгарскиот премиер нагласи и дека новиот договор вклучува финансиско учество на ЕУ во снабдувањето со американско оружје на Украина.

– Никој не ме праша за ова. Не е донесена никаква европска одлука со која се одобрува ова. Ако сакаме договор со Американците во врска со Украина, тој мора да биде посебен, а не како тајна клаузула во договор за царини – нагласи Орбан.

- Advertisement -
Ad image

Унгарската влада претходно го критикуваше царинскиот договор меѓу Европската унија и САД, велејќи дека е „штетен за европските интереси, вклучително и за унгарските“.

На редовната прес-конференција, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Ѓерѓ Гуљаш, во четвртокот ја критикуваше Европската комисија за тоа што се согласила на ослободување од царина за САД, додека ЕУ прифати царина од 15% за својот извоз во САД.

Тој го нарече договорот „понижувачки договор за ЕУ“ и рече дека ако Унгарија преговараше сама, ќе постигнеше подобар договор со американскиот претседател Доналд Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Сѐ уште нема проценка за влијанието на новите царини

Унгарската влада сè уште нема објавено проценка за влијанието на новите царини врз економскиот раст, но Министерството за економија во вторникот ја намали прогнозата за раст во 2025 година од 2,5% на само 1%.

Во Романија, најголемата асоцијација на работодавачи, Конкордија, проценува дека новите царини би можеле да ја намалат економската активност за околу 0,2%. Министерството за финансии на Чешка, исто така, очекува намалување на растот за 0,2 процентни поени до крајот на годината.

Кај Словачка, земја со најголем удел на извоз во БДП од сите членки на ЕУ, економистите проценуваат дека влијанието на царините ќе изнесува 0,87% од бруто домашниот производ.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Полска, најголемата економија во ЕУ надвор од еврозоната, би можела да изгуби околу 8 милијарди злоти (2,14 милијарди долари) поради новите американски царини.

Share This Article