Општина Штип го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со отворен ден на Спомен-собата на Киро Глигоров во Мултимедијалениот центар „Киро Глигоров“ и со повеќе културни активности, Општина Штип денеска го одбележува денот на раѓањето на првиот претседател на независна Македонија.

Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип денеска изјави дека настаните се организирани од Општинскиот мултимедијален центар, кои секоја година на овој ден потсетуваат на животот и делото на Глигоров – една од најзначајните личности во поновата македонска историја.

Посетителите имаа можност да разгледаат лични предмети, фотографии и документи поврзани со животот на Глигоров, а преку мултимедијални содржини да се запознаат подетално со неговиот придонес во историјата на македонската државност.

– Општина Штип и општинскиот Mултимедијален центар по повод роденденот на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров редовно организира отворен ден на Спомен-собата, меѓутоа и други придружни активности, кои што на некој начин се должна почит за одбележувањето на денот на раѓањето на еден од најмаркантните историски личности и фигури на 20 век за Македонија, но и пошироко. Годинава исто така отпечативме и нов флаер, односно промотивен материјал, кој го добиваат постетителите редновно кои доаѓаат и го посетуваат овој центар – изјави Панајотов.

Тој посочи дека Спомен-собата на Киро Глигоров беше отворена благодарение на семејството Глигорови.

– Центарот со одлука на Советот на Општина Штип во 2017 година го доби името на првиот претседател, а следната година, практично во 2018, благодарение на семејството Глигорови се отвори Спомен-собата -вели Панајотов.

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глигоров секогаш порачуваше „Македонија е се што имаме“.

Киро Глигоров е роден во 1917 во Штип, а почина на 1 јануари 2012 година во Скопје. Глигоров беше претседател на Република Македонија од 27 јануари 1991 до 19 ноември 1999 година.

Share This Article