Background

Опозициската партија од десниот центар, која се залага за постепено прогласување независност на Гренланд, освои најмногу гласови на парламентарните избори на најголемиот остров во светот

Опозициската партија од десниот центар, која се залага за постепено прогласување независност на Гренланд, освои најмногу гласови на парламентарните избори на најголемиот остров во светот.

Соопштено е дека по преброени 90% од гласовите, партијата Демократи освоила 30% поддршка.

Зад неа е партијата Налерак со околу 25% од гласовите. Оваа опозициска партија сака Гренланд веднаш да започне со процесот на одвојување од Данска и да воспостави поблиски врски со САД.

- Advertisement -
Ad image

Партијата Инуитски Атакатигит (ИА) на поранешниот премиер Муте Б. Егеде, која исто така се залага за независност, се најде на третото место на овие избори со повеќе од 21% од гласовите.

Партијата Сиумут, која досега беше партнер на премиерот Егеде во коалициската влада на левиот центар, заврши на четвртото место со нешто помалку од 15 % од гласовите.
Преостанатите две партии, Атасут и Кулек, заостанаа далеку зад другите партии и освоија 7, односно нешто повеќе од 1% од гласовите.

Право на глас имаа околу 44.000 Гренланѓани, од вкупно 57.000 што живеат таму.
Тие избраа 31 член на локалниот парламент, како и на владата, а на гласачкото ливче имаше шест партии.

Гренланд е под контрола на Копенхаген во последните 300 години.

Доминантна тема на вчерашните избори била најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека неговата земја ќе ја преземе контролата врз оваа автономна територија на Данска

– Гренланд ни треба за национална безбедност. Тоа ќе биде наше, вака или онака – рече Трамп во говорот пред Конгресот минатата недела пред членовите на Претставничкиот дом и Сенатот.

Властите и на Гренланд и на Данска постојано ги одбивале неговите барања. Премиерот Егеде јасно стави до знаење дека Гренланд не е на продажба и дека заслужува „да се третира со почит“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation