Background

Оперскиот спектакл од Џакомо Пучини на Мајски оперски вечери

Спектакуларна изведба на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини е закажана за 27 мај 2025 година, со почеток во 20.00 часот, во Националната опера и балет. Настанот е дел од програмата на 53. издание на фестивалот Мајски оперски вечери.

Диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, режијата, сценографијата и костимографијата се дело на светски реномираниот режисер Џанкарло дел Монако, чие име е синоним за врвни оперски продукции, додека под кореографијата се потпишува Саша Евтимова, концерт мајстор e Јане Бакевски, a хор мајстор: Ѓургица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска.

Во насловната улога на принцезата Турандот ќе настапи светски познатата сопранистка Вероника Џиоева од Русија, во улогата на Калаф ќе настапи кинескиот тенор, Ѕ-Жао Гуо, улогата на Лиу ќе ја толкува, Биљана Јосифов, улогата на Тимур, Владимир Саздовски, во останатите улоги ќе настапат: Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски заедно со хорот, оркестарот и балетскиот ансмбл на Националната опера и балет.

- Advertisement -
Ad image

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која што подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.  „Турандот“ изобилува со моменти на восхитувачка мелодиска убавина, која особено доаѓа до израз во незаборавната тенорска арија, една од најубавите во оперската литература, „Никој не спие“(Nessun dorma).

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation