Познатиот српски музичар Оливер Мандиќ е во болница и се подготвува за операција која е закажана за утре, 11 март, пренесува српски „Ало“.
Медиумите го контактирале Мандиќ за да откријат детали за неговата здравствена состојба. Како што рекол тој се наоѓа во болница и се подготвува за операција која е закажана за утре, 11 март.
„Сè ќе биде во ред, сега ми го мерат притисокот, тука сум и со анестезиологот, па не можам да зборувам, но сè ќе биде во ред“, изјавил Оливер за „Ало“.
Оливер Мандиќ наводно веќе извесно време се жалел на одредени тегоби, одел и на разни третмани, меѓутоа, како што пишува српски „Стори“, сега на ред дошла и операцијата на ‘рбетот.
Според мислењето на лекарите, од друга страна, засега сè е неизвесно, бидејќи станува збор за ‘рбетот.
Огласувајќи се од болничкиот кревет, Мандиќ покажал дека ведриот дух не го напушта. Тој верува дека сè ќе биде во ред по процедурата.