Околу 10 лица загинаа кога авион се урнал додека се обидувал да полета од островот Роатан во близина на брегот на Хондурас, соопштија локалните власти. Во авионот бил и познат музичар.
Авионот „Џетстрим“ управуван од авиокомпанијата „Ланса“ од Хондурас превезувал 14 патници и тројца членови на екипажот, изјави министерот за транспорт на земјата, кој рече дека остатоците се пронајдени на околу еден километар од брегот на островот.
Во авионска несреќа кај карипскиот остров загинаа најмалку 12 луѓе, вклучувајќи го и популарниот музичар од Хондурас, Аурелио Мартинез.