Околу 1.800 луѓе можеби ќе бидат извисени и вратени кај Талибанците

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Германија нема да ги прими Авганистанците сместени во Пакистан на кои им вети дека ќе им даде хуманитарен азил. Тие  наскоро ќе добијат известување „дека повеќе нема политички интерес за нивниот прием“.

Ова за Дојче веле го изјави портпаролката на германското Министерство за внатрешни работи, Соња Кок.

Таа потврди дека 640 лица кои чекаат заминување во Пакистан сè уште нема да можат да дојдат во Германија. И покрај претходните ветувања за азил поради страв од прогон од страна на талибанскиот режим, новата влада на канцеларот Фридрих Мерц ги повлекува тие одлуки.

Ветувањето е повлечено затоа што владата во Берлин има намера „колку што е можно“ да ги укине програмите за преселување, што беше договорено во коалицискиот договор. Претходната влада на социјалдемократите, зелените и либералите се обврза да прифати активисти за права на жените, адвокати, новинари и други ранливи лица од Авганистан.

Сепак, новиот министер за внатрешни работи, Александар Добриндт, ги отфрли обврските, кои датираат од периодот откако талибанците ја презедоа власта во 2021 година, нарекувајќи ги „наследни прашања“.

За прв пат, одлуката влијаеше и на програмата за преселување на локалниот персонал кој работеше за германските министерства во Авганистан. Според хуманитарната организација „Кабул-Луфтбрике“, овие работници и нивните семејства беа известени преку е-пошта минатата недела за одбивањето.

Портпаролката на организацијата, Ева Бајер, изјави дека околу 130 лица, кои веќе беа ветени од германската влада, сега се информирани дека Германија повеќе нема да ги прифаќа. Е-поштата е испратена од германската агенција за развојна помош ГИЗ, а клучната реченица гласи: „По понатамошна детална проверка, беше одлучено дека нема основа за одобрување на прием во Германија според член 22 од Законот за престој“.

Соња Кок од Министерството за внатрешни работи потврди дека ова значи дека од преостанатите 220 локални вработени, само 90 сега можат да побараат прием.

Министерот за внатрешни работи Александар Добриндт (CSU) изјави дека Германија има одговорнност кон локалниот персонал.

- Advertisement -
Ad image

-Нема промена во мојата одлука, која ја ставам јасно на знаење веќе некое време. Таму каде што имаме правно обврзувачки ветувања за прием, ќе ги исполниме. Сметаме дека имаме трајна одговорност кон таканаречениот локален персонал – рече тој.

Тој нагласи дека предуслов за прием е положување на безбедносна проверка. Според владината статистика, Германија прифатила вкупно 4.000 локални работници и речиси 15.000 членови на нивните семејства откако Талибанците ја презедоа власта во 2021 година до април 2025 година.

Ситуацијата е критична бидејќи пакистанските власти се закануваат дека ќе ги предадат Авганистанците што престојуваат во пансиони платени од Германија на талибанскиот режим на крајот од годината. Иако неколку стотици луѓе се преселени откако сегашната влада ја презеде функцијата, околу 1.000 Авганистанци сè уште чекаат да одат на безбедно.

- Advertisement -
Ad image

Околу 250 организации, вклучувајќи ги Хјуман рајтс воч и Про азил, испратија отворено писмо до министерот Добриндт, барајќи од него да ги донесе ранливите авганистански семејства во Германија до крајот на годината. Хелен Резен, ко-директорка на „Про Азил“, го нарече спасувањето на тие луѓе „тест за сигурноста, кредибилитетот и човечноста на германската влада“.

Портпаролката Кок изјави дека барем погодените нема веднаш да останат без сместување и можат да престојуваат во изнајмени пансиони во Пакистан додека границата со Авганистан е затворена. Германската влада, исто така, нуди да резервира летови назад до авганистанската престолнина Кабул, иако нивната судбина таму е целосно неизвесна.

Околу 1.800 луѓе од Авганистан се надеваат на хуманитарен азил во Германија.

Share This Article