Охридскиот пливачки базен: Од ветување до разочарување! Струга плива, Охрид чека

Saso
By Saso
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Струга плива, Охрид чека

- Advertisement -
Ad image

Додека Струга со гордост ја отвора новата пливачка сезона 2025/2026 во својот функционален пливачки базен, Охрид продолжува да гледа во бетонскиот скелет на она што требаше да биде негова спортска гордост. Контрастот не може да биде поболен – едниот град ужива во водените радости, другиот се срами од незавршениот проект кој стои како споменик на неисполнетите политички ветувања,еден од многуте!

Градот на пливачките легенди без базен

Иронијата е горчлива до крајност. Охрид, градот кој изродил плејада на успешни пливачи кои со гордост го носеле неговото име низ светските базени, езера, морина и океани, денес е при вода жеден. Некогашниот бисер на водените спортови во Македонија и екс Југославија, градот кој беше синоним за пливачки успеси, денес не може да понуди ниту еден соодветен простор за своите млади спортисти.

Додека стружани со ентузијазам се подготвуваат за новата сезона, охриѓаните со срам гледаат кон запуштената конструкција која требаше да биде нивна гордост. Младите пливачи од Охрид мораат да патуваат во други градови за да тренираат, а некогашните шампиони се прашуваат дали нивниот град воопшто ја заслужува репутацијата што ја има.

Десетгодишна агонија на ветувања

Приказот на идниот пливачки комплекс во Охрид изгледаше импресивно – модерна архитектура, стаклени фасади, функционални простории кои ветуваа европски стандард. Помпезно најавуван како капитална инвестиција уште во времето на владата на Никола Груевски, проектот требаше да биде завршен пред десет години. Милионите евра се потрошени, но крајот никако да се види.

Секој изборен циклус донесува нови ветувања, нови рокови, нови изговори. Политичарите се менуваат, ветувањата се повторуваат, а базенот останува недовршен. Граѓаните на Охрид се веќе навикнати на изборниот циркус околу овој проект – секоја предизборна кампања ја носи истата песна за “конечно завршување на проектот”, а по изборите доаѓа истото молчење.

Бетонскиот срам

Она што денес стои на местото каде што требаше да се наоѓа современиот пливачки центар е далеку од архитектонската визија прикажана на рендерите. Бетонскиот скелет, изложен на дождови и ветрови, се претвора во симбол на неефикасноста на државата. Секој ден кога охриѓаните минуваат покрај оваа конструкција, тие се потсетуваат на начинот на кој се троши нивниот данок и се кршат ветувањата кон нивните деца.

Младите спортисти одат во други градови, талентите се губат, а спортските традиции се заборавуваат. Охрид, кој требаше да има еден од најмодерните пливачки центри во земјата, денес завидува на далеку помалите градови кои успешно управуваат со свои спортски објекти.

Цената на неодговорноста

Овој проект не е само приказ за потрошени пари, туку и за изгубени можности. Колку млади таленти би можеле да се развиваат во соодветни услови? Колку спортски успеси би можел да оствариОхрид со функционален пливачки центар? Колку туристи би дошле во градот кој нуди современи рекреативни содржини?

Додека други градови инвестираат во својата младина и го развиваат спортот, Охрид останува заробен во кругот на политичките манипулации и неисполнетите ветувања. Бетонскиот скелет кој стои на местото на идниот базен не е само недовршена градба – тој е симбол на системската неефикасност која ги погодува сите аспекти на општественото живеење.

- Advertisement -
Ad image

Време за одговорност

Граѓаните на Охрид заслужуваат одговори. Тие заслужуваат да знаат кога конечно ќе се заврши проектот, колку дополнителни средства се потребни и кој ќе биде одговорен за годините на доцнење. Но најмногу од сѐ, тие заслужуваат функционален пливачки базен кој ќе им ги врати традициите и гордоста.

Струга покажува дека тоа е можно. Останува да се види дали Охрид ќе најде начин да ја заврши оваа долгогодишна агонија или ќе продолжи да живее со срамот на незавршениот проект. Една работа е сигурна – секој изминат ден без решение е уште еден ден изгубен за младите спортисти и уште еден ден срам за градот кој некогаш беше синоним за пливачки успеси.

Сашо Денесовски

- Advertisement -
Ad image
Share This Article