ОХРИДСКАТА СРАМОТА: Додека легалните плаќаат милиони,дивите тезги ја преплавија главната улица

Saso
By Saso
6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Селективна правда во акција: Инспекции тероризираат концесионери, а нелегални продавачи слободно владеат со Кејот

ОХРИД – Додека владата на Христијан Мицковски излегува со фабрикувани статистики, претставувајќи ја Северна Македонија како европско туристичко чудо, реалноста во Охрид открива спротивна слика на институционален колапс и селективна правда. Главниот туристички центар на земјата е претворен во базар каде што законот важи само за оние што плаќаат, а анархијата е привилегија за политички заштитените.

Легалните под ударот, нелегалните под заштита

Општина Охрид, преку ЈП “Градски Пазар”, објави јавен повик за типизирани куќарки и локации за продажба сувенири – постапка која по себе е легитимна. Меѓутоа, спроведувањето открива брутална двојна правда која го дискредитира целиот систем.

Додека легалните концесионери плаќаат астрономски суми – типизирана куќарка достигна цена од 4.000 евра месечно – и се изложени на константни инспекциски контроли, нелегалните трговци слободно ја трансформираат престижната улица “Кеј Македонија” во пазарче каде што се продава сè – од алатки за сечење зелки до ќебиња и петулици.

Кеј Македонија како продолжеток на Шутка

Со доаѓањето на туристичкиот шпиц, Охрид станува сведок на добро организирана шема која функционира со години. Низ целата улица “Кеј Македонија” никнуваат диви тезги, вендинг машини се поставуваат без дозволи, а самопрогласени улични музичари пеат вехабиски песни и неразбирливи глупости преку звучници.

Најсрамно од сè е што цела “Шутка” демонстрира алатки за сечење зелки и краставици, се продаваат ѓомлезе и петулици, јоргани и ќебиња – сè тоа во срцето на градот што треба да биде витрина на македонскиот туризам. Центарот на Охрид е претворен во невидена глупост која ги срамоти и градот и земјата.

Инспекциската комедија

- Advertisement -
Ad image

Најскандалозна е улогата на инспекциските служби кои практикуваат селективна слепост. Додека се фрлаат како лавови врз легалните концесионери, пред нелегалните тезги поминуваат како слепи.

ЈП “Градски Пазар”, како управувач со урбаната опрема во Охрид, до сега нема направено ниту една контрола на местото кое го стопанисува. Урбаната инспекција поминува и заминува како туристи, наместо како службени лица со мандат.

Инспекторатот на Управата за јавни приходи дошол еднаш, се фатил за пиво и заминал. Очигледно, наплаќањето данок од нелегалните трговци не е во нивен опис на работа.

- Advertisement -
Ad image

Инспекциите од Санитарната и Агенцијата за храна и ветеринарство чекаат можеби некој да се затруе за да реагираат. Фактот што се продава храна на отворено, без контрола на потеклото и квалитетот, очигледно не ги загрижува.

Политичката заштита на анархијата

Оваа добро организирана шема не може да функционира без политичка заштита од највисоко ниво. Фактот што нелегалните тезги се толерираат година по година, додека легалните концесионери се тероризираат, укажува на системска корупција.

Градоначалникот на Охрид, мора да одговори зошто дозволува оваа срамота да се случува под неговиот нос?Исто така и директорот на ЈП Градски Пазар Охрид мора да даде одговор зошто дозволува ваква анархија на штета на угледот на Охрид и на финасиското работење на ЈП Градски Пазар?

Економските последици

Легалните концесионери, оптоварени со високи трошоци и константни контроли, се принудени да ги подигнуваат цените за да опстанат. Истовремено, нелегалните трговци, ослободени од секакви обврски, прават нелојална конкуренција.

Резултатот е деформиран пазар каде што нечесноста се наградува, а законитоста се казнува. Туристите се соочуваат со хаос наместо со организиран туристички центар, што директно влијае на угледот на Охрид како дестинација.

Владините лаги наспроти реалноста

Додека министрите се фалат со “европски стандарди” и “туристички бум”, Охрид демонстрира спротивно. Кој странски турист ќе се врати во град каде што главната улица личи на пазарче, каде што се пеат вехабиски песни, каде што се демонстрираат алатки за сечење зелки?

Владините статистики за “раст на туризмот” стануваат комедија кога се соочуваат со реалноста на теренот. Македонија не може да се претстави како европска туристичка дестинација кога нејзиниот главен град функционира како нерегулиран базар.

До кога Шутка во мало?

Прашањето “до кога Шутка во мало?” не е реторичко – тоа е очјнички повик за итна интервенција. Охрид не може да остане заложник на корумпираниот систем каде што политичките врски се поважни од законот.

Потребни се итни мерки:

  • Итно отстранување на сите нелегални тезги од Кејот
  • Дисциплинска одговорност за сите инспектори кои не ја вршат својата работа
  • Еднакво третирање на сите трговци – легални и нелегални
  • Воспоставување ред и систем во туристичкиот центар

 Срамот мора да запре

Ситуацијата во Охрид е срам за Македонија. Додека владата лаже за успеси, главниот туристички центар тоне во анархија. Сè додека постои селективно применување на законот, сè додека политичките врски се поважни од правните норми, македонскиот туризам ќе остане во сферата на владините лаги.

Времето е за престанување со толерирањето на оваа срамота. Охрид заслужува подобро, туристите заслужуваат подобро, а македонските граѓани заслужуваат држава каде што законот важи еднакво за сите.

До кога ќе се толерира претворањето на Охрид во “Шутка во мало”? Одговорот лежи во рацете на оние што денес молчат и се прават слепи.

Сашо Денесовски

Share This Article