Охридската полиција предупредува на зачестени измами

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СВР Охрид ја известува јавноста дека отсекот за компјутерски криминал деновиве бележи зголемен број на пријави од граѓани за измама сторена преку социјалните мрежи и телефонски повици од лица кои се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути и ветуваат висока и брза заработка.

„Измамниците комуницираат со жртвите користејќи броеви кои обично изгледаат како локални броеви, но и броеви со странски префикс, со цел да стекнат доверба. Во текот на разговорот ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап (AnyDesk, SupremoMobile и останати апликации), под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување и да им помогнат околу креирање на свои профили, ги наведуваат дека може да помогнат во процедура за подигнување на брзи кредити од локалните финансиски друштва (најчесто користено финансиско друштво е ИУТЕ кредит од причина што имаат свој „банкомат“ од каде жртвата ги подигнува паричните средства. Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство на жртвата и ги префрлаат паричните средства, а контактираните граѓани остануваат без пари пред да сфатат дека се измамени со што, штетите се значително големи“, соопшти охридската полиција.

СВР Охрид апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни при комуникација со непознати лица и со лица со странски телефонски броеви кои лажно се претставуваат и нудат финансиски совети преку интернет.

„Покрај ова, тие на оштетените им кажуваат дека имале голема сума за подигнување како наследство и слично. Посочуваме, со цел да не бидат злоупотребени, граѓаните да не наседнуваат на какви било понуди од овие лица, да не ги следат нивните насоки и да не остават свои лични и други податоци или службени информации. Поради комплексниот начин на истрага, една од ефикасните форми за борба против овој вид на криминал е превенцијата и градење висока свест и совест при комуникацијата и користење на интернет мрежите. Воедно, потсетуваме дека информациите за постоење на сомненија за овој вид измами, навремено да се пријават до СВР Охрид“, апелира полицијата.

Share This Article