Во овој период на жалост, кога болката од згаснувањето на 59 животи е неизмерна, треба да се почитува приватноста на семејствата, а медиумите да известуваат одговорно и професионално.
Загубата на овие млади животи е толку трагична и трогателна што не би било потребно снимање и објавување на трогателни сцени и објави. Нашата заедница треба да ја почитува интимноста на болката што ја доживуваат семејствата на жртвите.
Како новинска агенција, ја разбираме важноста на медиумското известување во вакви моменти, но истовремено ја нагласуваме потребата од етички пристап и почитување на достоинството на загинатите и нивните семејства.
Медиумите имаат одговорност да информираат јавноста, но тоа мора да биде направено со највисоко ниво на професионализам и сочувство.
Бог да ги прости, нека почиваат во мир.
Охридскај со апел за медиумска етика и почитување на приватноста во време на трагедија
