ОХРИД ГО ЧЕСТВУВА ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ХРИСТО УЗУНОВ

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во чест на Јубилејот: 120 години од  хероската погибија на  Христо Узунов, Општина Охрид, денеска организираше Свечена академија во спомен куќата на големиот охридски војвода и револуционер.

Пред бројните присутни, свој пригоден говор имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Hristo-Uzunov04232025007– Насочени кон иднината, бескрајно горди на  минатото,  благодарни за  саможртвата  за слободна  Македонија, денес со оваа свеченост одбележуваме 120  години од смртта на Христо Узунов.

Ценети присутни, почитувачи на неговиот живот и дело, дами и господа

Оваа исклучителна личност од македонската историја, учител, револуционер, војвода, организатор на македонската борба за слобода и бескомпромисен борец за татковината не прави особено горди и среќни  што сме негови потомци охриѓани и Македонци.

И  повеќе од очигледно благословот што големиот Григор Прличев му го изрекол на третиот ден по раѓањето „На планина знаме да развеваш! Македонија од ропство ти да ја ослободиш!“, станал реалност. Затоа што Узунов од млади години задоен во патриотски дух се вложувал себе си за татковината при тоа не давајќи и можност на својата младост да остари. „Во името на моите свети чувства кон тебе – те молам немој да се грижиш, ниту да плачеш за мене. Ќе се чувствувам најзадоволен ако ти со твоето поведение бидеш пример за другите мајки“, и пишувал младиот Христо на својата мајка кога морал да ја одлежи во затвор смртта на српски големец. А тој настан бил само еден од редот на маченичките случувања што овој великан морал да ги проголта за ние денес да живееме во своја МАКЕДОНИЈА. Токму затоа неговиот лик во македонската колективна меморија ќе остане запаметен по неповторливата саможртва  како и чистината и искреноста со која му пристапил  на  својот  свет долг кон татковината.

Почитувани, 

Непоколебливата  одлучност да се жртвува животот за добро на татковината ги  надминува границите на просечноста и го воздигнуваат неговиот лик на небото на општочовечкиот копнеж и општочовечката борба за слобода. Тој  е симбол за македонскиот опстој и непокор, пример за највозвишен хероизам и саможртва, синоним за стоицизам на човек, кого не го поколебаа ни најужасните искушенија и не го згаснаа кај него исконскиот револт кон неправдата која му се нанесуваше на македонскиот народ, тој е синоним за човечкиот отпор, за доблесноста, човечноста, за одлучноста да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне и да се истрае се до последниот здив во вербата и борбата за слободна Македонија

Ценети присутни

Ваквите личности од македонската историја се вистински столбови на македонскиот нескршлив дух, на македонскиот иднтитет и на македонскиот национален и културен опстој. Всушност, тие се глогов кол во срцето на бескрупулозните пропаганди на соседните држави во обидите да го негираат, да го потиснат и уништат мекедонското неколкуилјадно национално, историско и културно живеење на овој простор. А ние како нивни следбеници се заветуваме дека нема да го погазиме и промениме  она што како наследство сме го добиле од нив,  нашата прекрасна  татковина  Македонија и нашиот единствен  македонски јазик.

Тука во неговата родна куќа длабоко се поклонуваме во чест на името и делото на големиот Христо Узунов, еден од неколкумината храбри војводи кој несебично го жртвуваше својот живот за слободна Македонија. Слава му!, истакна Пецаков.

Во рамки на Свечената академија се одржа промоција на драмскиот текст: „Света саможртва за Македонија“ од авторот Зоран Пејкоски. Промотори на книгата беа проф.д-р Димитар Пандев и проф.д-р Наташа Котлар.

Свечениот настан беше збогатен со културно – уметнички настапи на Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“,  под диригентската палка на маестро Бурим Хидри, солистот Ѓоко Чеменкоски како и учениците од ООУ „Ванчо Николески“ под менторство на професорката Емилија Блажеска.

Свечената програма по повод големиот јубилеј посветен на Христо Узунов, продлжува вечерва со Патрониот празник на ООУ „Христо Узунов“ во 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Чествувањата за Узунов продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред неговото спомен-обележје во градскиот парк и Панихида и полагање цвеќе на местото на неговата херојска погибија во селото Цер.

Share This Article