Background

Официјална потврда се очекува на состанокот на Транспортната зедница во Белград

На превозниците од земјите од Западен Балкан и Турција им е ветено дека проблемите што ги имаат во рамките на Европската Унија во врска со статусот на возачите и правото на работа ќе бидат решени до почетокот на октомври кога стапуваат на сила новите правила за влез и престој во земјите од Шенген зоната.

Ова за босанските медиуми го потврди главниот координатор на конзорциумот „Логистика БиХ“  Велибор Пеулиќ кој тврди дека им е ветено од Европската Унија дека проблемот ќе се реши до 1 октомври.

Тој очекува спроведувањето на договорот AET (правила  часовите, паузите и одморот на возачите) да започне на 1 октомври.

- Advertisement -
Ad image

-Ќе се сретнеме со претставници на Европската комисија во Белград на 10 септември и ќе им презентираме што значи 60 милиони тони стока дневно. Според сите сигнали што ги имаме, ќе се почитува правилото на договорот AETR. Значи, според тој договор, возачите од Босна и Херцеговина би можеле да останат 2.160 часа во ЕУ во однос на престојот, а одморот ни е доволен бидејќи не надминуваме 1.000 часа за 6 месеци. Очекуваме примената да започне од октомври, за да се знае дека возачот е вработен во транспортна компанија од Босна и Херцеговина, а не турист или терорист – објасни Пеулиќ.

Тој потсети дека во договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија е напишано дека елиминирањето на секаков облик на дискриминација ќе се спроведе откако државата ќе го потпише тој договор, а Босна и Херцеговина го потпишала тој договор.

Дека се очекува решение на проблемот  потврдуваат и македонските превозници кои речиси две години  заедно со сите превозници од Западен Балкан  на претставниците од ЕУ им докажуваат дека возачите не се туристи туку работници и поради тоа не може нивниот престој да биде ограничен и да се третира како на останатите граѓани.

-На 10 септември во Белград се одржува состанок на Транспортната заедница на која ќе учествуваат претсставници од Европската Унија, министри за транспорт од регионот и претставници на транспортните организации од регионот. Очекуваме ова прашање да биде разгледано и да се понуди решение. Но додека  не се донесе поволна одлука за проблемот не можам да кажам дека нешто е договорено и од кога тој договор ќе важи – вели Билјана Муратовска од Макамтрнас.

Таа додава дека напоредно со решението кое се бара на регионално ниво во земјава се прават напори тоа да се реши и преку директни контакти на Министерството за транспорт и коморите.

Проблемот, според податоците на главниот координатор на конзорциумот „Логистика БиХ“  Велибор Пеулиќ ги засега возачите кои возат 3,5 милиони камиони низ Европа секој ден, превезувајќи 60 милиони тони товар.

фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation