ОДОБРЕНИ СЕ 829 КЛУЧНИ ПРОЕКТИ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На 88 седница на Владата која се одржа вчера, 6 ресорни министерства вклучени во потпрограмата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа – позната како АА, доставија предлог одлуки до Владата за проектите на општините кои ги исполнуваат условите наведени во самиот повик.

„Оваа потпрограма претставува значаен инструмент за поддршка на општините и нивното институционално и инфраструктурно јакнење, во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, велат од Владата.

Во рамки на втората фаза, вкупно се одобрени 829 проекти во вредност од околу 15 милијарди денари, кои ќе се реализираат преку следниве министерства:

Министерство за транспорт и врски – над 8 милијарди денари

Министерство за животна средина и просторно планирање – околу 2, 5 милијарди денари

Министерство за образование и наука – околу 1,6 милијарди денари

Министерство за култура – 622 милиони денари

Министерство за социјална политика, демографија и млади – 520 милиони денари

Министерство за спорт – 544 милиони денари

- Advertisement -
Ad image

„Со ова продолжуваме континуирано да ја поддржуваме секоја општина која ги исполнила условите според јавниот повик, без разлика на политичката припадност на нејзиното раководство. За нас, единствено важни се граѓаните, нивната благосостојба и создавање подобри услови за живот во секој дел од државата“, порачува Владата.

Преку оваа поддршка, информира Владата, ќе се реализираат проекти за изградба и реконструкција на:

локални патишта и улици;

- Advertisement -
Ad image

водоводни и канализациски системи, училишта, градинки и спортски сали;

базени и јавна инфраструктура од суштинско значење.

„Интересот како за првиот повик, така и за вториот беше исклучително голем. Воедно, потсетуваме дека во рамки на првиот јавен повик, беа доделени 4,1 милијарди денари за 274 проекти, дел од кои се веќе реализирани, а другите се во реализација. Почитувани, Ова е уште еден историски чекор во јакнење на локалната самоуправа – процес кој е и ќе остане еден од темелите на развојната политика на оваа Влада. Ги градиме темелите на промените, за твоето време кое доаѓа“, се заклучува во соопштението.

Share This Article