Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков објави дека во моментов нема простор за негово враќање во дресот на македонската репрезентација.
Во објавата на социјалната мрежа Фејсбук тој напиша:
„Би сакал да ја информирам цела македонска јавност и сите медиуми дека во моментов, за доброто на националниот тим, нема да настапувам за македонската ракометна репрезентација. Ќе бидам искрен и краток во моето обраќање и објаснување на одлуката. Во изминатите 11 години, колку што настапував за македонската селекција, секогаш со чест и гордост го носев светиот дрес.
Се борев и настапував секогаш со цело срце. Моите односи со селекторот Кирил Лазаров се нарушени и не гледам простор во моментов истите да се подобрат. Последните две години неправедно бев неповикуван.
После сè што дадов, чувствувам дека Македонија премногу лесно се откажа од мене. Тоа премногу ме погоди и после долго размислување ја донесов оваа одлука. Им посакувам многу среќа и успех на репрезентативците во следниов период. Дотогаш ќе бидам ваш најголем навивач и поддржувач. До некое следно видување Македонијо!“
Спортската јавност очекуваше враќање на Манасков во репрезентацијата пред сè поради одличните игри и формата во која се наоѓа.
Македонската репрезентација во рамките на неделата на ЕХФ ќе се подготвува во Скопје, а ќе одигра и два натпревара со Јапонија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
