Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, се опорави од повредата и ќе биде подготвен за реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, потврди каталонскиот гигант еден ден пред судирот.
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, не смета на Левандовски откако 36-годишникот од Варшава се повреди на 19 април во натпреварот од 32-то коло од Ла Лига против Селта.
Германскиот стручњак го објави списокот на патници за Ломбардија, на кој, покрај Левандовски, се и Војчех Шчесни, Андре Астралага, Инаки Пена, Пау Кубарси, Роналд Араухо, Инаки Мартинез, Гави, Феран Торес, Педри, Ансу Фати, Рафиња, Андреас Кристенсен, Фермин Ло, Андреас Кристенсен, Пау Кубарси, Роналд Араухо. Френки де Јонг, Ерик Гарсија, Хектор Форт, Џерард Мартин, Ландри Фаре и Ноа Дарвивч.
Левандовски оваа сезона постигна 40 гола за клубот, од кои 25 во домашното првенство и 11 во Лигата на шампионите.
Реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21 часот на „Џузепе Меаца“, а првиот натпревар на „Монжуик“ беше вистински спектакл кој заврши 3:3.