Одговор за налогот за апсење на Нетанјаху?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна наредба за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради насочување истрагите кон САД и нивните сојузници, како што е Израел, изјави претставник на Белата куќа.

Како што јавуваат светските агенции, регулативата ќе вклучува финансиски и визни санкции против поединци и членови на нивните семејства кои му помагаат на МКС во истрагите против американски граѓани или сојузници на САД, рече претставникот.

Потегот на Трамп доаѓа откако минатата недела демократите во американскиот Сенат ја блокираа републиканската иницијатива за санкционирање на МКС, што беше одговор на издавањето налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана поради војната на Израел во Појасот Газа.

Нетанјаху моментално е во Вашингтон, а МКС не одговори веднаш на барањето за коментар.

Судот веќе презеде мерки за заштита на персоналот од можни санкции на САД, како што е исплата на плати три месеци однапред, како подготовка за финансиски ограничувања што може да ја парализираат работата на Трибуналот за воени злосторства, изјавија извори минатиот месец.

Share This Article