Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе и се поклони пред спомен обележјето кај родната куќа на гемиџијата, охриѓанецот Марко Бошњаков. Се поклонаа и положија свежо цвеќе и делегации на Подрачната единица на историскиот архив како и делегации од политичкиот и јавниот живот во Охрид.
Марко Бошњаков е роден во Охрид во 1874-та година. Основното образование го стекнал во родниот град, а како средношколец учел во Солунската Гимназија. Бил сведок на создавањето на Македонскиот револуционерен комитет во Солун со што, всушност се означи почетокот на македонската револуционерна борба во 1893 година. Се вклучил во движењето на Гемиџиите (Солунските атентатори) издавајќи им ја и својата бакалница во Солун.
Tagged as:
ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ГЕМИЏИЈАТА МАРКО БОШЊАКОВ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
