Денеска наутро ќе има услови за појава на магла по котлините, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Преку денот времето ќе биде променливо облачно. Претежно во планините ќе има појава на слаб краткотраен дожд, кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје наутро ќе има услови за магла. Преку денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најстудено утро ќе има Берово, со температура до минус 3, а најтопло ќе биде во Скопје и во Гевгелија, со температура до 12 степени Целзиусови.
Од утре следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот.
Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока.