Времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне во западните и во крајните источни делови од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност, со локален дожд и со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Најстудено ќе биде во Маврово и во Берово, со утринска температура до 4 степени. Најтопло ќе биде во Скопје, Велес и во Гевгелија, со температура до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност.
Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 27 степни.
И во следните денови времето ќе биде нестабилно и топло.
Во вторник во претпладневните часови времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и со грмежи.
Од среда на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи.
